Развиени за да го дополнуваат модерниот ентериер на просторијата, клима уредите Kirigamine ZEN MSZ-EF на Mitsubishi Electric се достапни во три бои специјално избрани за природно да се вклопат каде и да се инсталираат. Висока ефикасност и удобност, само со клима уреди на Mitsubishi Electric.
Еден од најдобрите дизајни на клима уредите на Mitsubishi Electric и добитник на наградата „Red Dot“ во 2015 година, серијата MSZ-EF е создадена за да додава убавина или природно да се вклопи во декорацијата каде и да се инсталира.

Серијата MSZ-EF лесно се комбинира и е елегантна дури и додека работи.

Внатрешната единица е опремена со Wi-Fi интерфејс сместен во ексклузивен џеб во единицата. Ова го елиминира потребното дополнително поставување на Wi-Fi интерфејс и придонесува за убавиот изглед, бидејќи интерфејсот е скриен.

Можете да ја следите работата на уредот, функциите Вклучено/Исклучено и температурата преку вашиот смартфон, таблет или компјутер со системот за контрола MELCloud.
Кога ноќниот режим е активиран со помош на бежичниот далечински управувач, работата на клима уредот ќе се префрли на следниве поставки:
Нивото на бучава на внатрешната единица е само 19dB, нудејќи мирна и тивка атмосфера во просторијата.

Надворешните единици од типот „single split“ се достапни како стандардни или со вграден грејач. Во секоја единица е инсталиран електричен грејач за да се спречи замрзнување во студени надворешни услови.
Сите капацитети на серијата MSZ-EF се рангирани со A+++/A++ во режим на ладење и A++/A+ во режим на греење. Температурните услови се базирани на „Просечна сезона“. Се однесува на температурата и климата на Стразбур.
** Сите капацитети на серијата MSZ-LN се рангирани со „A+++“ во режим на греење за „Топла клима“. Се однесува на температурата и климата на Атина.
Plasma Quad Plus е систем за филтрирање базиран на плазма, кој ефикасно отстранува шест вида загадувачи во воздухот. Plasma Quad Plus ги заробува мувлата и алергените поефикасно од Plasma Quad.
Исто така, може да ги заробува PM2.5 и честичките помали од 2.5μm, создавајќи здрави животни простори за сите.
Елиминира:
Системот за филтрирање на воздухот PLASMA QUAD е докажано ефикасен (до 99.8%) во инактивирањето на вирусот SARS-CoV-2 (Covid 19) при тестирање (тестови извршени во лабораторијата за микробиолошко тестирање Kobe Testing Center на QTEC – Јапонски центар за кавлитет и технологија на текстилни производи).
I Save е поедноставена функција која ја враќа претпочитаната (претходно поставена) температура со притискање на едно копче на далечинскиот управувач. Притиснете го истото копче двапати по ред за веднаш да се вратите на претходно поставената температура. Користењето на оваа функција придонесува за удобно работење бе трошок, остварување на најсоодветните поставки за климатизација и заштеда на потрошувачката на енергија, при, на пример, напуштање на собата или одење во кревет.
Филтерот ефикасно ги чисти прашината и нечистотиите и е антибактериски. Ова го подигнува вашиот комфор на ново ниво, со свеж воздух.

Лесно поставете ги посакуваните температури и времето за вклучување/исклучување според вашиот начин на живот. Намалете го непотребното трошење на енергија со користење на тајмерот, кој спречува да заборавите да го исклучите уредот и ги елиминира потребните прилагодувања на температурата.
Електричните уреди трошат енергија дури и кога не се во активна употреба. Додека се стремиме да ја намалиме потрошувачката за време на работа, многу е важно и да се намали оваа скриена, непотребна потрошувачка.
