Energy Net Electric

MSZ-AY

Ви ја претставуваме извонредната серија MSZ-AY од Mitsubishi Electric, која се одликува со исклучителна оценка за енергетска ефикасност A+++. Опремена со најсовремена инвертерска технологија, серијата MSZ-AY нуди неспоредливи перформанси во секоја средина. Со својот елегантен и комапктен дизајн, совршено го надополнува секое опкружување. Искусете го врвот на иновациите преку серијата MSZ-AY, која се одликува со прекрасна мат бела завршница, нагласена со елегнатни заоблени агли и мазна рамна површина.

ФУНКЦИИ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Висока енергетска ефикасност

Сите модели од серијата MSZ-AY се оценети со A+++/A++ за ладење и A++ за греење. Клима уредите на Mitsubishi Electric се опремени со DC Inverter технологија, што ги прави супер економични.

Двослојната заштита спречува навлегување на прашина и нечистотија во клима уредот. Најсовремена технологија за обложување – нечистотијата генерално се класифицира во две групи: хидрофилна нечистотија (прашина од влакна, песок) и хидрофобична нечистотија (масло и чад од цигари).

Двослојната заштита на Mitsubishi Electric работи со помош на „честички од флуор“ кои спречуваат навлегување на хидрофилна нечистотија и „хидрофилни честички“ кои спречуваат навлегување на хидрофобна нечистотија во клима уредот. 

Кога ноќниот режим е активиран со помош на бежичниот далечински управувач, работата на клима уредот ќе се префрли на следниве поставки:

  • Светлината на индикаторската ламба за работа ќе се намали.
  • Звучниот сигнал ќе се исклучи.
  • Надворешната бучава при работа ќе се намали на 3dB пониско од номиналната спецификација за бучава при работа. 

Удобноста е исто така условена со нивото на бучава, особено во домовите и работните простории. Нивото од 18dB(A) што го достигнува моделот MSZ-AY е потивко од бучавата генерирана од шушкањето на лисјата на ветерот, што го прави клима уредот нечуен за сите присутни во просторијата.  

Поради присуството на моторизирана решетка, можно е да се насочи протокот на воздух за да се постигне максимална удобност во просторијата, во кој било режим на работа. Покрај тоа, хоризонталниот проток ги отстранува вознемирувачките провеви за присутните лица во просторијата.

Кога е активиран режимот за самочистење, вентилаторот започнува по режимот за ладење/сушење. Оваа операција помага да се исуши внатрешноста на внатрешната единица за да се спречи појава на мувла и мириси. Можете сами да го почувствувате чистиот воздух без често чистење.

Далечински управувач со позадинско осветлување

Далечинскиот управувач со позадинско осветлување овозможува лесно гледање дури и ноќе. 

Plasma Quad Plus е систем за филтрација базиран на плазма кој придонесува за подобар квалитет на воздухот во вашата просторија. Plasma Quad Plus применува напон од приближно 6.000 волти на електродата за да генерира плазма, со што ефикасно отстранува различни видови честички во воздухот, како вируси, бактерии, мувла, алергени, прашина и PM2.5.

Plasma Quad Plus ги задржува мувлата и алергените поефикасно од Plasma Quad. Исто така може да ги отстрани PM2.5 честичките и честички помали од 2,5 μm, создавајќи поздрави услови за живеење за сите.

I Save е поедноставена функција која ја враќа претпочитаната (претходно поставена) температура со притискање на едно копче на далечинскиот управувач. Притиснете го истото копче двапати по ред за веднаш да се вратите на претходно поставената температура. Користењето на оваа функција придонесува за удобно работење бе трошок, остварување на најсоодветните поставки за климатизација и заштеда на потрошувачката на енергија, при, на пример, напуштање на собата или одење во кревет. 

Овој филтер создава стабилни антибактериски и дезодорирачки ефекти. Големината на тридимензионалната површина е зголемена, со што се проширува и површината за задржување на честички. Овие карактеристики му овозможуваат на филтерот за прочистување на воздухот подобра ефикасност во собирањето прашина во споредба со конвенционалните филтри. Неговата супериорна ефикасност во прочистување на воздухот дополнително го зголемува комфорот во просторијата.

Новиот MSZ-AY овозможува корисничко искуство со MelCloud интегриран во клима уредот, овозможувајќи му на корисникот далечински да управува, преку Wi-Fi контролерот, со главните функции на клима уредот, следејќи ја неговата работа и потрошувачката на енергија.

Покрај тоа, благодарение на новиот интегиран WiFi адаптер, поврзувањето со рутерот станува многу полесно!

Технологијата на Mitsubishi Electric гарантира дека уредот ќе работи дури и кога надворешната температура е -20°C за AY20/25/35/42/50 само со единечна конекција.