Развиени за да го дополнуваат модерниот ентериер на просторијата, клима уредите Kirigamine ZEN MSZ-EF на Mitsubishi Electric се достапни во три бои специјално избрани за природно да се вклопат каде и да се инсталираат. Висока ефикасност и удобност, само со клима уреди на Mitsubishi Electric.
Еден од најдобрите дизајни на клима уредите на Mitsubishi Electric и добитник на наградата „Red Dot“ во 2015 година, серијата MSZ-EF е создадена за да додава убавина или природно да се вклопи во декорацијата каде и да се инсталира.

Серијата MSZ-EF лесно се комбинира и е елегантна дури и додека работи.

Внатрешната единица е опремена со Wi-Fi интерфејс сместен во ексклузивен џеб во единицата. Ова го елиминира потребното дополнително поставување на Wi-Fi интерфејс и придонесува за убавиот изглед, бидејќи интерфејсот е скриен.

Можете да ја следите работата на уредот, функциите Вклучено/Исклучено и температурата преку вашиот смартфон, таблет или компјутер со системот за контрола MELCloud.
Кога ноќниот режим е активиран со помош на бежичниот далечински управувач, работата на клима уредот ќе се префрли на следниве поставки:
Нивото на бучава на внатрешната единица е само 19dB, нудејќи мирна и тивка атмосфера во просторијата.

Сите капацитети на серијата MSZ-EF се рангирани со A+++/A++ во режим на ладење и A++/A+ во режим на греење. Температурните услови се базирани на „Просечна сезона“. Се однесува на температурата и климата на Стразбур.
I Save е поедноставена функција која ја враќа претпочитаната (претходно поставена) температура со притискање на едно копче на далечинскиот управувач. Притиснете го истото копче двапати по ред за веднаш да се вратите на претходно поставената температура. Користењето на оваа функција придонесува за удобно работење бе трошок, остварување на најсоодветните поставки за климатизација и заштеда на потрошувачката на енергија, при, на пример, напуштање на собата или одење во кревет.
Лесно поставете ги посакуваните температури и времето за вклучување/исклучување според вашиот начин на живот. Намалете го непотребното трошење на енергија со користење на тајмерот, кој спречува да заборавите да го исклучите уредот и ги елиминира потребните прилагодувања на температурата.
Електричните уреди трошат енергија дури и кога не се во активна употреба. Додека се стремиме да ја намалиме потрошувачката за време на работа, многу е важно и да се намали оваа скриена, непотребна потрошувачка.

Овој филтер создава стабилни антибактериски и дезодорирачки ефекти. Големината на тридимензионалната површина е зголемена, со што се проширува и површината за задржување на честички. Овие карактеристики му овозможуваат на филтерот за прочистување на воздухот подобра ефикасност во собирањето прашина во споредба со конвенционалните филтри. Неговата супериорна ефикасност во прочистување на воздухот дополнително го зголемува комфорот во просторијата.
„V Blocking Filter“ со антивирусен ефект инхибира 99% од прилепените вируси, како и други штетни супстанции, како бактерии, мувла и алергени. Двослојниот филтер со неткаен материјал и електростатски слој ефикасно ги задржува и отстранува малите честички од воздухот во вашата просторија.